Екипата на Интер донесе квалитетно засилување во одбраната откако клубот се договори со Атлетико Мадрид за трансферот на Миранда.


Бразилскиот репрезентативец на Џузепе Меаца ќе биде промовиран на почетокот на подготовките, а сега само ги мина лекарските прегледи.

Интер на шпанскиот состав ќе му исплати околу 15 милиони евра, а Миранда е петтото засилување за екипата за следната сезона.

Претходно договор со Интер потпишаа Жефри Кондогбија, Џејсон Мурињо, Давиде Сантон и Мартин Монтоја.

Ohridnews