Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев заедно со Едисон Кавани одиграа клучна улога во победата на Наполи против Интер од 3-1.


Уругваецот ги постигна трите погодоци, два од нив по асистенција на Пандев, а третиот најдобриот стрелец сезонава во тимот од Неапол го реализираше од пенал.

Пандев против својот поранешен клуб каде ги достигна височините во фудбалскиот свет одигра маестрално и беше нерешлига енигма за противничките фудбалери.

Со оваа победа “азурите“ ја осигураа втората позиција во Серија А која носи директен пласман во Лигата на Шампиони.

Мх.П.