Екипата на Интер се одлепи на врвот од Серија А по триумфот (4-0) над Фросиноне во 13-та рунда од националниот шампионат.
„Нероазурите“ половина час бараа начин да го пробијат бедемот на гостите. Бибијани го отвори резултатот, а потоа беше се полесно.
Во вториот дел домаќините со головите на Икарди, Муриљо и Брозовиќ го запоседнаа врвот во калчо лигата.
Резултати : Верона – Наполи 0-2, Аталанта – Торино 0-1, Карпи – Киево 1-2, Фиорентина – Емполи 2-2, Џенова – Сасуоло 2-1, Лацио – Палермо 1-1, Удинезе – Сампдорија 1-0, Интер – Фросиноне 4-0.
Табела : Интер 30, Наполи 28, Фиорентина 28, Рома 27, Сасуоло 22, Јувентус 21…
Мх.П.











