Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ е најновото фудбалско име во италијанскиот калчолигаш Интер.
Екс фудбалерот на Волфзбург и Борусија Дортмунд со „нероазурите“ потпиша пет годишна верност до 2020 година.
– Постигнавме договор касно синоќа по исцрпни преговори меѓу двата клуба. На мојот клиент му преостануваат уште само лекарски прегледи за официјализирање на трансферот. – рече агентот на Хрватот, Тони Мартиќ.
Перишиќ потекнува од фудбалската школа на Хајдук, а во Бундес лигата се пресели од Клуб Бриж.
Ohridnews