Екипата на Интер запиша нови три бодови на табелата, победувајќи ја Фиорентина со 4-2 во последниот меч од 13-та рунда во Серија А.


„Нероазурите“ до крајот на мечот трепераа за победа иако после 20 минути игра имаа водство 3-0. Стрелци на головите беа Брозовиќ, Кандрева и Икарди.


„Виолетовите“ во 37-та минута намалија на 3-1 со голот на Калиниќ, но пред крајот на првиот дел останаа со играч помалку, откако Родригез доби директен црвен картон.

И со играчки дефицит гостите на Џузепе Меаца погодија за 3-2 преку Иличиќ и креира неколку изгледни прилики за трет погодок. Интер победата ја завери во судиското продолжение со вториот гол на Икарди.


„Нероазурите“ со триумфот „скокнаа“ пет позиции и со 21 бод се наоѓаат на осмата позиција на табелата.

Во најава на дуелот Интер и Фиорентина, Наполи неочекувано ремизираше 1-1 со Сасуоло пред своите гледачи.

OhridNews