Екипата на Интер забележа убедлива победа (3-1) против Сампдорија пред своите гледачи во 26-та рунда од Калчолигата.
Мотив за моќната игра на „нероазурите“ сигурно беше посетата на Жозе Мурињо и некогашниот ас Роналдо кои го следеа мечот од трибините на Џузепе Меаца.
Домаќините отпорот на гостите го скршија во првиот дел со голот на Д`Амборзио, а во второто полувреме со погодоците на Миранда и Икарди ја запечетаија победата.
Триумфот над гостите од Џенова фудбалерите на Интер ги лансираше во ТОП 4 екипи на табелата и ги врати во игра за местата кои водат во Лигата на Шампиони.
Во првиот меч од саботната програма Верона во градското дерби со Киево славеше победа 3-1.
OhridNews











