Екипата на Интер се соочува со нова не успешна сезона и покрај големите инвестиции во фудбалери пред почетокот. „Нероазурите“ за следната сезона планираат корените промени, а ќе почнат од тренерската позиција.


Клубот од Џуземе Меаца на клупата ги посакува Антонио Конте или Диего Симеоне. Во лов на овие две тренерски имиња „нероазурите“ ќе тргнат со плата од 15 милиони евра и со буџет од 70 до 100 милиони евра за засилувања.

Конте својот квалитет го потврди на клупата од Челси каде е многу блиску до освојување на титулата во Премиер лигата, додека Симеоне го воскресна Атлетико Мадрид и успеа да ги засени големите ривали Реал Мадрид и Барселона во Ла Лига.

Неодамна, Конте изјави дека нема проблем да води друга екипа освен Јувентус во Серија А, а Аргентинецот посакува еден ден да ги води Интер и Лацио каде што како играч настапуваше во „калчо“ лигата.

Моментално тренер на Интер е Стефано Пиоли кој си поднесе оставка после поразот од Фиорентина (5-4), но клубот не му ја прифати и ќе ја заврши сезоната со него.

OhridNews