Пари Сент Жермен и Челси се соочуват со одредени турбеленции пред меѓусебниот дуел во Лигата на Шампиони кој е закажан за вторник во 20:45 часот.
Дрим тимот на „светците“ неочекувано се најде во центарот на јавностa откако Серж Орие во живо на програмата од официјалниот сајт на клубот ги нападна тренерот Лоран Блан, Златан Ибрахимовиќ и останатите соиграчи.
Клубот од Паркот на Принцовите веднаш го суспендираше фудбалерот кој предизвика скандал од светски размeри.
Челси, пак, првиот осминафинален натпревар ќе го пречека без Курт Зума и Џон Тери кој се повреди на мечот со Њукасл во Премиер лигата.
Зума во аут ќе биде до крајот на сезоната, а Тери се уште не се знае точно колку ќе отсуства од терените.
Покрај ваквите проблеми, сите очекуваат двете екипи да одиграат интересен двомечот како што беше случај минатата сезона.
OhridNews











