Народен тетар Охрид со две инзвонредни претстави на 12 и 13 мај. „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников во Центарот за култура „Григор Прличев“ охриѓани ќе може да ја погледнат на 12 мај со почеток 20.00 часот, а цената на картата е 250 ден.
„Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во ГРОТЕСКА И ИРОНИЈА, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест, информираат од Народниот театар од Охрид.
На 13 мај Народен театар Охрид, пак, ја носи новата „Импровокација“.
Бујрумте на пролетно чистење од негативни мисли и секојдневни проблеми. Датумот е 13 мај (сабота), часот е истиот ко секогаш 20:00. Телефонот за резервации е пак истиот 075283066, а цената на билетот е 300 денари, велат од Народен тетатр Охрид.
OhridNews