Охрид наскоро добива ново место за забава, рекреација и дружење. Tino’s Bowling, новиот забавно-рекреативен комплекс на булевар „15 Корпус“, официјално ќе ги отвори вратите на 7 ноември.

Нешто ново, гласно и возбудливо доаѓа во градот“, најавуваат од Tino’s Bowling, порачувајќи дека посетителите ги очекува сосема ново искуство и место создадено за добра забава и дружење.

Комплексот ќе располага со модерна куглана и богата забавна понуда, со концепт наменет за различни генерации, од семејни и пријателски дружби до вечерна забава.

Tino’s Bowling ќе работи од 15:00 до 00:00 часот од понеделник до четврток, во петок и сабота до 01:00 часот, а во недела од 15:00 до 00:00 часот.

Со отворањето на новиот комплекс, Охрид добива уште една современа содржина за забава и рекреација, особено значајна како понуда што не е врзана само за летната туристичка сезона.

OhridNews promo

Фото: Илустрација