Зелените растенија од различни видови кои ЈП „Охридски Комуналец“ ги засади во бетонските жардиниери на булеварот „Железничка“ во Охрид, постојано се мета на крадци.
-За жал немањето свест кај охриѓани повторно го стори своето, па уште првата ноќ од како беше засадено, почнаа кражбите на зеленилото. Цели жардиниери останаа празни бидејќи луѓе со ниска свест постојано ги крадат растенијата од нив, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Од таму објаснуваат дека на некои места каде најмногу недостасувале растенија засадиле нови, но кражбите не прекинале и несовесните граѓани продолжиле да го крадат зеленилото.
Инаку во текот на изминатиот период службите од комуналното претпријатие засадија неколку стотини нискостеблести зимзелени растенија од разни видови во жардиниерите на улицата „Железничка“, а МЈП „Проаква“ постави инсталација за редовно и автоматско наводнување на зеленилото.
OhridNews