Несовесни граѓани го одлагаат градежниот шут каде ќе стигнат, реагираат жителите на Охрид и oколните населени места. Велат се уништува природата, се загадува околината и потребна е итна реакција од надлежните, но и да се казнуваат сторителите.

Во близина на станбен објект, реагираат жителите на Охрид, е оставена поголема количина на градежен шут.

Дива градежна депонија на пресекот на  улицата „Даме Груев“ со „Туристичка“. Како ЕВН дозволи табла и кабли да се постават? Каде е општинскиот градежен инспекторат? Сигурно има повеќе вакви места низ градот, реагираат жителите.

И жителите од село Вапила се соочуваат со истиот проблем. Велат жално е да се уништува природата од несовесни граѓани.

Жално е што сè почесто сведочиме на вакви ситуации во нашето село Вапила. Има неверојатно убава и тивка природа, место што треба да биде зачувано, а не уништено. Има луѓе со недостаток на свест, совест и контрола, реагираат жителите.

На ниската свест кај граѓаните за одлагање на градежниот шут реагираат и Вевчанци. Велат треба тие што го оствавиле овде отпадот да го подигнат, во спротивно бараат да бидат изречени казни.

Во околината на црквата „Свети Димитриј“ во Вевчани се поголема и поголема депонја. Реакции од надлежните немат. Битно сме топ 100 зелена дестинација, стои во реакцијата.

Ваквите случаи на оставање градежен шут на различни локации во градот и околината е честа слика, а поединци и понатаму го одлагаат каде ќе стигнат или пак на најблиската локација, не грижејќи се дека со тоа ја загадуваат околината, а истовремено и се создава непријатна слика за минувачите.

Н.С.Ј.