Италијанскиот менаџер на клупата од Челси, Антонио Конте на неспортски начин преку СМС порака го отпиша Диего Коста од плановите за следната сезона.

Темпараментот на Шпанецот не дозволи тоа да не излезе во јавност, а навивачите на „сините“ се поделија околу начинот на кој Конте комуницира со играчите.

Со шпанскиот репрезентативец во составот Конте ја покори Премиер лигата во првата сезона на островот, но очигледно дека работите надвор од теренот не функционирале како внатре.

Диего Коста постигна 20 голови во Премиер лигата, а до своите играчи асистираше 7 пати. Како негова следна дестинација се споменува Милан, кој на големо прави екипа за сезоната која доаѓа.

OhridNews