Трагичната судбина која го снајде фудбалскиот клуб Чапекоенсе го сплоти бразилскиот народ. Целата земја од политичкиот врв до спортски екипи е на нозе и прават планови за помош на несреќниот клуб.
Спортските екипи, односно фудбалските предводени Коринтијанс, Палмеирас, Сантос и Сао Паоло поднесоа барање до националниот фудбалски сојуз за имунитет на Чапекоенсе. Без разлика на резултатите следните три години, клубот да не се соочи со испаѓање или префрлање во понизок ранг.
Во барањето потпишано од клубовите исто така стои дека секоја екипа да испрати по три фудбалери на позајмица за да може екипата да ја заврши сезоната и да ја започне новата.
Фудбалерите, стручниот штаб и техничкиот персонал од екипата и уште 20 новинари беа дел од авионот кој се сруши во Колумбија. Од 81 патник преживеаја само пет луѓе, кои пак се уште се во животна опасност.
Фото: Отидоа по трофејот, стигнаа во рајот
OhridNews