Манчестер Јунајтед контролните натпревари во пресрет на новата сезона во Премиер лигата ќе ги започне против составот на Виган.


На овој меч не официјално деби во Манчестер Јунајтед ќе има Жозе Мурињо, но ќе се врати и Лук Шо кој потешко се повреди минатиот септември.

Дефанзивецот на „ѓаволите“ доби двојна фрактура на десната нога по дуелот со Хектор Морено кој ги брани боите на ПСВ Ајндховен.


Исто така на натпреварот се очекува да настапат новите засилувања Хенрик Мхтаријан и Ерик Бејли додека Златан Ибрахимовиќ се уште му се нема придружено на екипата.

OhridNews