Несреќниот репрезентативец на Република Ирска, Симос Колман успешно е опериран после страотната повреда на дуелот со Велс во рамките од квалификациите за пласман на СП во Русија.


Членот на Евертон настрада по остриот старт од Нејл Тејлор кој доби црвен картон, но попусто поради повредата на капитенот на „детелините“.


Враќањето на Колман на терените е неизвесно, бидејќи лекарскиот тим кој го оперираше фудбалерот не даде точна прогноза колку време ќе отсуствува.

OhridNews