Со отказ по само четири месеци од Валенсија заврши првата тренерска авантура на Гери Невил во Шпанија.


Управата на клубот го загуби трпението и му врачи отказ на Невил кој на Местаља дојде без тренерско искуство.

Англичанецот, „лилјаците“ ги предводеше на 28 мечеви во кои забележа 10 победи, претрпе 11 порази и седум пати ремизираше.

За лошата работа на Невил говори фактот дека Валенсија пред неговото доаѓање се наоѓаше на деветтата позиција, а по заминувањето е на ниското 14-то место.

Еден од помошниците на Рафа Бенитез во времето кога предводеше Ливерпул, Пако Ајестаран ќе го замени Невил и на клупата ќе се остане до крајот на сезоната.

OhridNews