Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне 28 степени.

Утре се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Температурата ќе бидат во опаѓање, а во Охрид ќе достигне до 26 степени.

Од вторник ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура, информира УХМР.

Г.М.