Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, денеска, имаше официјална промоција во дресот на Удинезе. Несторовски посакува довербата од клубот да ја оправда со двоцифрен број на погодоци во италијанската Серија А.

Благодарам на клубот за довербата која ја покажа и сакам да им вратам со тоа што го правам најдобро, со голови. Шест години во низа постигнувам двоцифрен број на голови, така што повторно е целта да се има над 10 голови. Иако во последно време имам и асистенции, главата цел е да се постигнуваат голови. – изјави Несторовски.

Нашиот фудбалер последниве години настапуваше во Палермо каде се афирмираше во расен стрелец и многу квалитетен фудбалер. Несторовски како слободен фудбалер го засили Удинезе, откако Палермо поради низа пропусти се соочи со исфлрање од Серија Б.

OhridNews