Неславниот крај на Палермо во Купот на Италија му пресуди на тренерот Роберто Де Зерби кој доби отказ од првиот човек на клубот, Маурицио Зампарини.

Палермо претрпе пораз и елиминација од Специја после изведувањето на пеналите (5-4), откако регуларниот дел од мечот и продолженијата завршија без победник 0-0.

Елиминицијата од Купот само ја влоши ситуацијата за Де Зерби кој не најде начин да го одведе клубот на победничките патеки во Серија А.

Нов предводник на Палермо, каде најдобар стрелец е македонскиот репрезентативец Илија Несторовски и Алекс Трајковски кој се наоѓа на листата од повредени играчи ќе биде некогашниот играч, Еугенио Корини. 

Стратегот на клупата од сицилијанците ќе дебитира в недела на гостувањето на Артемио Франки против тимот на Фиорентина.

OhridNews