Голманот на Џенова, Матија Перин лутината за поразот на својата екипа од Палермо сакаше да ја истури врз македонскиот репрезентативец Илија Несторовски. Перин во финишот после четвртиот гол на Палермо го нападна Несторовски кој веднаш падна на земја, судиите го забележаа неспортскиот старт на домашниот фудбалер и го испратија во соблекувалните.
Токму Несторовски асистираше до Александар Трајкоски кој го постигна четвртиот погодок, вреден победа за екипата од Сицилија.
Голема победа на Палермо на македонски погон ! (видео)
Ohridnews