Екипата на Палермо доживеа нов и тежок удар, откако отпадна од второлигашот Специја од понатамошните мечеви во Купот на Италија.
Непреминлива пречка за Палермо во 1/16 финалето беше тимот на Специја кој славеше после изведувањето на пеналите 5-4 (0-0).
Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски кој е најсветла точка во мрачната сезона на Палермо целиот меч го преседа на клупата и не доби шанса за настап.
Палермо, ги реализираше првите четири пенали, а гостите промашија во четвртата серија. Домаќините, не ја искористија „меч топката“, промашувајќи го петтиот пенал, а истиот исход беше при изведување на шестиот пенал. Гостите не погрешија и обезбедија пласман понатаму.
Покрај овој меч во денешната програмата ќе се одиграат и натпреварите Аталанта – Пескара и Сампдорија – Каљари.
OhridNews