Македонскиот репрезентативец во дресот на Палермо, Илија Несторовски се најде на радарот од Наполи кој по неговите услуги ќе тргне во зимскиот преоден рок.
Првиот човек на „азурите“, Аурелио Де Лаурентис исконтактирал со претседателот на Палермо, Маурицио Зампарани кој отрфлуваше било каков трансфер на популарниот „Нестогол“.
Несторовски вниманието кон себе го привлече со седумте голови во Серија А и добрите игри во дресот на Македонија во квалификациите за Мундијалот во Русија.
Како што пренесуваат италијанските медиуми висината на трансферот на Несторовски би изнесувал 10 милиони евра иако Зампарани бара речиси двојно повеќе.
OhridNews