Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ја продолжи голгетерската низа во Серија А погодувајќи за Палермо во ремито со Сампдорија (1-1) на домашен терен.
Популарниот „несто-гол“ резултатот го отвори во 30-та минута од натпреварот, откако во погодок го претвори ударот од белата точка. Домашните фудбалери водството го чуваа до 90-та минута кога Кваљарела постигна погодок вреден реми за гостинската екипа.
Екипата на Палермо на своето конто го запиша 15-от бод, додека Несторовски стигна до десеттиот погодок сезонава во Серија А.
Резултати: Палермо – Сампдорија 1-1, Киево – Пескара 2-0, Кротоне – Каљари 1-2, Џенова – Болоња 0-1, Лацио – Удинезе 1-0, Сасуоло – Милан 0-1, Интер – Рома 20:45ч.
Табела: Јувентус 66, Рома 56 (-1), Наполи 54, Аталанта 51, Лацио 50, Интер 48 (-1), Милан 47…
OhridNews