Екипата на Бенфика со неверојатен триумф (10-0) на домашен терен против Национал ја продолжи битката со Порто за водечката позицијата во португалската Прва лига. „Црвените орли“ си поигруваа со гостинот кој во мрежата прими точно десет погодоци и сигурно го претрпе највискиот пораз во најдобрите лиги на стариот континент.

По два пати прецизни во убедливиот триумф беа Сеферовиќ и Џонас, а по еднаш мрежата ја погодија Грималдо, Жоао Феликс, Пици, Феро, Рубен Дијас и Рафа Силва.

Со поразот Национал му се придружи на Челси кој во дерби пресметката со Манчестер Сити изгуби со 6-0 и го претрпе најтешкиот пораз во историјата на Премиер лигата.

OhridNews