Голманот на Данди Јунајтед, Ками Бел имаше неверојатен ефект на дуелот со Данфермилн одбранувајќи три пенали. Првиот пенал Бел го одбрани во 9-та минута, вториот во 27-та, а третиот го одбрани пет минути подоцна. При изведувањето на пеналите се сменија три изведувачи и никој не успеа да го совлада голманот на Данди Јунајтед. Екипата на Бел очекувано победи со 3-1 и прокнижи нови три бодови на табелата.
OhridNews