Над 20 000 навивачи на националниот стадион во Букурешт ја пречекаа Симона Халеп која во третиот настап во финалето успеа да го освои трофејот на францускиот грен слем турнир Ролан Гарос.
Романската тенисерка до првата титула на Ролан Гарос и општо од големите турнир стигна со пресврт против Американката Слоун Стивенс (3-6, 6-4, 6-1).
Халеп со титулата од Ролан Гарос ја зацврсти првата позиција на ВТА листата и најави долга доминација со оглед на формата која ја покажа.
OhridNews