Бундеслигашката екипа Волфзбург направи „земјотрес“ на трансфер пазарот продавајќи и купувајќи фудбалер во еден ден.

„Волците“ за 51 милиони фунти го продадоа Кевин де Брујин во Манчестер Сити, а веднаш во своите редови неофицијално го доведоа германскиот фудбалски бисер Јулијан Дракслер кој вреди околу 30 милиони евра.


Волфзбург на крајот попушти пред огромната сума од Манчестер Сити, но направи добра зделка со ангажманот на Драклес кој беше голема желба на Јувентус.

Преодниот рок во светскиот фудбал завршува во понеделник на полноќ до кога се очекува да се случат уште неколку бомбастични трансфери.

Ohridnews