Светскиот и Европскиот клубски првак Реал Мадрид пред своите гледачи забележа неверојатна победа совладувајќи ја Гранада со 9-1.
Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ во 29-та рунда од Примера го одбележа Кристијано Роналдо, кој постигна пет погодоци. Два за „кралевите“ реализираше Карим Бензема, еден Герет Бејл и еднаш гостите сами си ја затресија мрежата.
Со оваа победа „лос бланкос“ се доближија на еден бод до лидерот на табелата Барселона, која има натпревар помалку.
Мх.П.