Дека фудбалот, односно клубот за кој се навива е повеќе од се во Англија покажа мечот меѓу Ливерпул и Плимут во рамките од 3-та рунда во ФА Купот кој заврши без победник 0-0.
Натпреварите во ФА Купот скоро секогаш понудуваат нешто што не може никое друго натпреварување, а така беше и на дуелот на Енфилд каде најблиските од Грем Кери навиваа за Ливерпул иако тој ги брани боите на Плимут.
– Пред почетокот на мечот кога ги слушнав навивачите како ја пеат химната ми доаѓаше да се затрчам и да пеам на глас со нив. Но, таа емоција кратко траеше бидејќи јас сум играч на Плимут иако сум голем фан на Ливерпул. Мојата фамилија допатува од Даблин да го гледа Ливерпул и да навива против мене, но ние заедно со момците издражвме и за момент ги израдувавме нашите навивачи. – рече Кери.
ФА Куп: Ливерпул на поправен, Челси и Тотенхем на „прва“ (видео)
OhridNews