Францускиот репрезентативец Пол Погба тешко дека и следната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот првак Јувентус откако на адреса од клубот пристигнаа неверојатни и непристојни понуди.
Екипите на Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Сити сериозно загризаа за услугите на фудбалерот, кој потекнува од школата на Манчестер Јунајтед.
Четирите понуди ја префрлиле магичната граница од 100 милиони евра што би значело срушување на рекордот, кој го држи Герет Бејл за трансферот од Тотенхем во Реал Мадрид.
– Се е во рацете на Погба. Тој мора сам да одлучи што сака понатаму во својата кариера. Ние како стручен штаб немаме никаква врска со трансферите бидејќи тука клубот е застапуван од други луѓе. Кога ги слушнав тие износи тешко дека било кој клуб би рекол не. – рече Масимилијано Алегри тренер на Јувентус.
Пофални зборови за Погба имаше и легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан, кој работи како тренер во Б екипата во Реал Мадрид.
Ohridnews