Најголем дел од семејниот буџет кој е наменет за матурата му припаѓа на матурскиот стајлинг.  За да се дотера еден матурант за најлудата средношколска вечер, според цените низ охридските бутици,  родителите треба да издвојат околу 6000 денари, без разлика дали нивниот матурант е ќерка или син.

Оваа година, најприфатливи цени можат да се најдат во бутикот ,,Емили” сместен во ТЦ „Амам“ на спрат. Според сопственикот на овој бутик, Милчо Колески, цените се доста поефтини за разлика од лани.

Оваа пролет имаме интересни понуди особено за матурантите. Комплетен костум -сако со пантoлони, кошула и машна чини 100 евра. Оваа понуда ја направивме со цел да им излеземе во пресрет на нашите сограѓани. Во секој случај, родителите со олеснување реагираат на овие поволности.“ – вели Колески.

Од бутикот „Емили“, истакнуваат дека оваа година карактеристично е тоа што матурантите не сакаат класични костуми, а младите се повеќе имаат храброст да комбинираат со боите.

Интересот кај машките е повеќе за посебно сако и посебни пантолони, со различни комбинации на бои. Обично овие две работи не се во иста боја или пак се со доста изразит контраст. Барани се поспортските кошули, со послаба кравата, а годинава имаме и лептирки во различни бои. Понуди имаме и за понехрабрите, односно целосни костуми како сако и панталони со иста боја. Сепак, тие се струкирани и модерни, за да им прилегаат на нивната возраст.“ – вели Колески.

Кај девојчината, вистински хит ќе бидат кратките и долгите фустани. Како што истакнуваат од бутикот „Емили“, обично се бараат долгите фустани со шлиц и отворен грб, додека голем интерес кај средношколките постои и за кратките фустанчина.

Новина кај фустаните е белата боја со жолти и златни точки. Доста атрактивни се и фустанчината во плави и светло-розеви нијанси. Цените на долгите фустани се движи од 5 500 денари па нагоре, додека на кратките од 4500. Воглавно, тоа зависи од брендот и дизајнерот кој го креирал производот.“ – истакнува Колески.

Бутикот „Емили“, кој веќе 17 години е препознатлив бренд во Охрид, е единствен по внимавањето да не се продаде ист фустан или костум, во едно исто средно училиште.

Строго водиме грижа во кое школо што е продадено. Бидејќи  секој матурант сака да биде уникатен, многу внимаваме на тој детал и оние кои купуваат гардероба за матурската прослава кај нас, ги запишуваме, со цел да не се случи да има исто облечени матуранти на иста прослава во Охрид.“ -велат од бутикот „Емили“.

Исто така, корекциите кои требаат да се направат по ширината или должината на купениот производ, се целосно бесплатни, со што овој бутик се издвојува по услугите од останата конкуренција.

Сопствениот на бутикот „Емили“, нагласува дека иако во Охрид има голем избор на гардероба и има пристапни цени, матурантите се повеќе се одлучуваат да одат надвор од градот за да пазарат за матурската вечер. Но овој тренд е присутен и во другите градови во Македонија, па така голем дел од  матурантите од  Ресен, Битола, Дебар и Кичево купуваат матурска облека во Охрид.

Инаку, бутикот „Емили“ од неодамна е достапен и за стружани, во дуќанот кој се наоѓа спроти градскиот пазар на улицата „Маршал Тито.“

О.Т.