Додека другите гледачи едноставно го оставиле зад себе непријатниот настан кога накиснале до гола кожа на фудбалски натпревар во австралискиот град Каирнс, еден налутен навивач решил да бара парична оштета.

Челниците на австралиската фудбалска лига отпрвин мислеле дека барањето отштета е некоја шега, но извесниот Бен Беин и неговата партнерка бараат 1498 долари оштета заради накиснувањето.

Беин го објаснил својот чекор со фактот дека кога почнал дождот, не им било дозволено да ги отворат чадорите па така им било отежнато следењето на натпреварот. Тој додал дека очекувал нивните места да бидат покриени бидејќи платиле билети по 51 долар. „Вечерта ни беше уништена“ рекол Беин и не смета дека немале среќа туку одговорноста е кај австралиската фудбалска лига.

Освен парична надокнада Баин од Лигата бара два билета за натпревар, како и бесплатен превоз и сместување. Водството на лигата се сложило да му даде билети, но одбило да плати оштета.