Екипите на Борусија Дортмунд и Шалке одиграа неверојатен дерби натпревар во 13-та рунда во Бундес лигата кој на крајот заврши со поделба на бодовите (4-4).

Поделбата на бодовите на „Сигнал Идуна Парк“ немаше да биден најмалку чудна ако мечот не завршеше 4-4 и добиеше неверојатен тек. „Милионерите“ од 12-та до 25-та минута постигнаа четири погодоци и со таква предност го завршија првиот дел. На „сините“ од Гелзенкирхен им требаше половина час идентично да го возвратат ударот во второто полувреме и да стигнат бод вреден како три на гостувањето во Дортмунд.

Резултати: Аугзбург – Волфзбург 2-1, Борусија Дортмунд – Шалке 4-4, Анјтрахт Франкфурт – Баер Леверкузен 0-1, Фрајбург – Мајнц 2-1, Лајпциг – Вердер Бремен 2-0, Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен.

OhridNews