Екипите на Ливерпул и Тотенхем ги поделија бодовите во дербито од 26-та рунда во Премиер лигата ремизирајќи 2-2 на Енфилд. Дерби средбата во Ливерпул ги оправда сите очекувања со атомски фудбал и возбудувања во текот на сите 90-ет минути.

„Црвените“ со голот на Мухамед Салах во судиското продолжение поведоа со 2-1, а победата на домаќините им ја „украде“ сомнителниот досуден пенал кој во погодок за реми го претвори Хари Кејн. 

Претходно, домаќините дојдоа во водство со погодок на Салах, а бројките на семафорот ги изедначи Виктор Вајнама со евроголот. Пред судиското продолжение во 88-та минута Кејн не реализираше удар од белата точка, што беше најава за „лудиот“ развој на настаните во финишот.

Ливерпул со освоениот бод се искачи на третата позиција пред Челси кој има меч помалку, додека Тотенхем со ремито ги задржа шансите за пласман во ТОП 4 на табелата во Премиер лигата.

OhridNews