Екипите на Бурнмаут и Арсенал ги поделија бодовите ремизирајќи (3-3) по голема драма на Виталити стадионот во мечот од 20-та рунда во Премиер лигата.
Домаќините прокоцкаа водство од 3-0, а гостите пак по трите примени голови се разбудија и за кратко време ја анулираа предноста, но немаа сила за пресврт.
На натпреварот имаше се и сешто, а поделбата на бодовите на крајот беше најреална по сите случувањата на теренот.
Резултати: Бурнмаут – Арсенал 3-3, Кристал Палас – Свонси 1-2, Стоук – Ватфорд 2-0.
OhridNews