Навивачите на Арсенал брзо ќе го заборават поразот од Свонси во синоќешниот меч во Премиер лигата, откако клубот го потврди ангажманот на Пјер Америк Обамејанг и продолжувањето на договорот со Месу Озил.

Целокупниот трансфер на Обамејанг од Борусија Дортмунд во Арсенал изнесува 56 милиони фунти и Габонецот го презема епитетот најскапо засилување во историјата на „топчиите“.

Германскиот репрезентативец Озил ја продолжи верноста со Арсенал и во клубот најмалку ќе остане до јуни 2021 година. 29-годишниот фудбалер со новиот договор ќе заработува 350 000 фунти неделна плата и ќе биде еден од најплатените во Премиер лигата.

Во последните мигови од преодниот рок Арсенал можеби ќе се засили во дефанзивната линија, ако успее да најде заеднички јазик со Челси за размена на Оливие Жиру со Давид Луиз.

OhridNews