Главниот судија Тони Шапрон и фудбалерот на Нант, Диего Карлос имаа блиска средба на теренот за време на мечот со ПСЖ во францускиот шампионат.

Во првата минута од судиското продолжение Шапрон и Карлос се судрија, а подебелиот крај го извлече судијата кој падна на теренот. Откако се созеде Шапрон го удри фудбалерот со нога кој пак возврати со туркање. Очекувано, Диего Карлос доби црвен картон, а останатите фудбалери ги смирија страстите.

Покрај фудбалерот сигурно на дисциплинска комисија ќе биде изложен и главниот судија кој реагираше во најмала рака скандалозно и непрофесионално.

Што се однесува до мечот „светците“ ги освоија бодовите победувајќи со 1-0 благодарание на Анхел ди Марија кој погоди во 12-та минута.

OhridNews