Целиот свет со тага и неверување ја прими веста од Колумбија, каде во авионска несреќа близу Меделин загинаа 76 патници од вкупно 81. Меѓу патниците кои го загубија животот се и фудбалерите од Чапекоенсе, кои пак, патуваа на финалниот натпревар со Атлетик Национал во Копа Судамерика.


Клубот кој доби поддршка од целиот свет на својата официјална фејсбук страна постави видео, со кое се збогува од своите фудбалери кои за миг станаа херои.

– Денес се разбудивме со нов предизвик, а животот ни даде нова лекција. Нашите фудбалери станаа херои, а ниивните животи станаа вечни. Светот ја препозна нашата желба и застана позади нас. Денеска, нашиот меч нема последен судиски свиреж туку ќе трае вечно, цел живот. На теренот се 11 фудбалери, но надвор од него сме голема фамилија и токму така ќе ја пребродиме оваа лекција. – се вели во видеото.


Навивачите на клубот ноќта ја поминаа на стадионот, а фудбалерите кои не беа дел од експедицијата преспаа во соблекувалните, каде пред пет дена хистерично се прославуваше пласманот во финалето.

OhridNews