Во соопштението за јавност испратено од 40 организации од Северна Македонија, Албанија и Европа кои бараа впишување на Охридскиот Регион во Листата на светско наследство во опасност, по усвојувањето на Одлуката да им се даде уште една година грејс период на
двете држави, се изразува разочарување, но и сомнеж дека истата ќе биде злоупотребена.
Комитетот за светско наследство беше информиран за загрижувачката трансформација на доброто пред повеќе од две децении – дваесет и две години подоцна и откако 3 мисии алармираа дека Охридскиот Регион е де-факто Светско наследство во опасност, Комитетот повторно одлучи да ги игнорира експертите и да го награди непочитувањето на Конвенцијата со уште една шанса. Времето кое претходно беше подарено охрабри нови деструктивни проекти, ова го потврди мисијата во 2024 година. Немаме никаква причина да веруваме дека овој пат ќе биде поинакустои во реакцијата.
Невладините организации сметаат дека со одлуката Комитетот ги изневерил принципите врз кои е формиран и активно ја поткопува самата суштина на Конвенцијата за светско наследство.
Бараме од Северна Македонија и Албанија овој пат да ја третираат подарената шанса со одговорност, итно и без одлагање да ги стопираат, откажат и одвратат сите тековни и сеуште нереализирани деструктивни проекти, и да покажат вистинска посветеност кон реставрација на Исклучителните универзални вредности на Охридскиот Регион. Ужаснати сме од одлуката, но ќе продолжиме да се бориме за зачувување на Охридскиот Регион, се вели во соопштението на 40 организации од Северна Македонија, Албанија и Европа кои бараа впишување на Охридскиот Регион во Листата на светско наследство во опасност.
Г.М.