В сабота (20:45 часот) во Торино екипите на Јувентус и Наполи ќе го одиграат дербито на сезоната во италијанската Серија А.
Во пресрет на мечот на сезоната се случи нешто неочекувано откако главниот судија Никола Рицоли се повреди и ќе го пропушти дербито. Италијанската фудбалска федерација реагираше веднаш и за главен арбитар на дербито го назначи Даниеле Орсата.
Помошници на Орсата ќе останат судиите кои и биле делегирани со Рицоли, асистенти се Мауро Тонолини и Џовани ди Либертадоре, четврт судија е Стефано Падован, а позади головите се Џајнлука Роки и Масимилијано Ирати.
„Азурите“ на врвот на табелата имаат два бодови предност од Јувентус кој се врати во игра за титулата по слабиот почеток на сезоната.
OhridNews











