Лестер славаше на гостувањeто кај Сандерленд со 2-0 и направи уште еден чекор напред кон освојување на титулата во Премиер лигата. Творец на победата беше напаѓачот Џејмс Варди кој погоди во 66 и 93 минута од мечот. Петти меч во низа Лестер победува без примен погодок.
Во пресрет на мечот на Тотенхем со Манчестер Јунајтед, “лисиците“ имаат 10 бода предност.
OhridNews