Невработените охриѓани ќе можат да аплицираат за следниве програми: Програма за самовработување ( од идеја до бизнис ), Формализирање на веќе постоечки бизниси и за Поддршка на дополнителни вработувања во фирми регистрирани со програмата за самовработување и формализирање на постоечки бизниси во 2007, 2008 и 2009 година.
За првите две програми, предвидено е доделување на 3. 000 евра неповратни средства за започнување сопствен бизнис како претприемачи. Додека за третата програма, висината на предвидената стимулација е во висина од 1. 500 евра, наменета за набавка на опрема и потребни средства за сопствениот бизнис.
Пријавувањето ќе трае 15 дена.