Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во вечерните часови ќе настапи продор на постудена воздушна маса од север, која во текот на ноќта и во понеделник ќе услови заладување со засилен северен ветер. На повисоките места и на планините ќе има повремени слаби врнежи од снег, а на пониските места од дожд и снег. Дневната температура во понеделник ќе опадне за околу 10 степени и се очекува да достигне од 4 до 11 степени.

Во вторник изутрина ќе настапи разведрување, а минималната температура речиси насекаде ќе биде под нулата.


Извор: УХМР

Надлежните предупредуваат дека очекуваните минимални температури во понеделник и вторник може да предизвикаат штети кај овошните култури, поради што им се препорачува на земјоделците да преземат соодветни заштитни мерки.

OhridNews