Поради екстремно лоши временски услови проследени со силен ветар и бранови во 14:31 часот прекинт е 38. Охридски пливачки маратон. Во времето на прекинот на трката маратонците се бореа со брановите во близина на Гранит.
Невремето и високите бранови предизвикаа големи проблеми кај пливачите и речиси беше невозможно да се доврши трката, а имајќи ја предвид безбедноста на учесниците, одлучено е истата да биде прекината, изјави за Охридњуз Сашо Точков од Организациониот одбор на маратонот.
Согласно пропозициите судиите на маратонот наскоро ќе излезат со детални податоци и со детални информации за пласманот на маратонците до времето на прекинот на трката што ќе биде и конечен пласман на 38. Охридски пливачки маратон.
Г.М.
фото. А. Момироска