Невремето со пороен дожд и ветер кое во текот на денешниот ден го зафати Охридскиот регион оштети еден автомобил кој бил паркиран пред стамбена зграда на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид. Очевидци не информираа дека од силниот ветер, се откачила една покривна азбестна табла, која паднала директно врз автомобилот.
Инаку во текот на изминатиот период, при слично вакво невреме беа оштетени и неколку други автомобили.
OhridNews