Со спектакуларно шоу на Фламенко балетот „Луксуриа“ од Шпанија, фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер на Античкиот театар го прослави 62-от роденден.
Бројни љубители на уметноста уживаа во ритамот и емоцијата на музичарите и танчерите од шпанскиот Фламенко балет „Луксуриа“, во одличната кореографија и перфектната изведба.
На почетокот на концертот се обрати Амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија.
Амбасадата на Шпанија е спремна да продолжи со зајакнување на одличните односи со оваа пријателска земја Северна Македонија, зајакнување на културните односи меѓу нашите две земји, и поконкретно со прекрасниот град Охрид, рече амбасадорот Хозе Луис Лозано Гарсија.

Денеска ги славиме годините испишани со богата историја со славни имиња од светската музичка елита и врвните театарски креации. Денеска ја празнуваме уметноста, рече Поповиќ.

OhridNews












