Вчеравечер 40 минути по полноќ, во кафе бар на ул.„Коста Абрашевиќ“ од страна на пет лица бил нарушен јавниот ред и мир.
Пријавените, кои биле под дејство на алкохол, незадоволни што музиката била исклучена, почнале да фрлаат шишиња и чаши кон шанкот, воедно заканувајќи се дека ќе ја демолираат кафеаната. При тоа, го искршиле инвентарот, ја загрозиле сигурноста и предизвикале чувство на страв и несигурност кај останатите присутни во објектот.
Од страна на службите при СВР-Охрид лицата се приведени и против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок.











