Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески изјави дека не е задоволен од досегашното темпо на реализацијата на проектот за легализација на дивоградбите.

Досега биле поднесени само околу 55 илјади барања од заинтересирани правни и физички лица.

Имајќи го предвид фактот дека во Македонија имаме 350 до 400 илјади бесправно изградени објекти, ние не сме задоволни од темпото на поднесување барања за нивна легализација. Затоа, уште еднаш апелирам до граѓаните да побрзаат да ја искористат оваа можност за легализација на нивните градби, бидејќи како Влада сериозно размислуваме да воведеме и парични санкции за сите оние кои до 3 септември нема да поднесат барања, рече Јанакиески.

Тој истакна дека овој рок најверојатно нема да биде пролонгиран со оглед на фактот што за поднесување на барањата за легализација на дивоградбите не се потребни повеќе од три минути.

Ohridnews