
Според пријавата, настанот се случил во текот на октомври оваа година во домот на пријавителката, кога пријавениот го искористил нејзиното одсуство и ја земал малолетничката, по што заминале во неговиот дом во Струга. По преземени мерки во координација со Центар за социјални работи и по насоки на Јавен обвинител, малолетничката е пронајдена и предадена на нејзината мајка. Против пријавениот полициската станица од Струга ќе поднесе кривична пријава за одземање малолетник. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
OhridNews











